Надал против Циципас, Ѓоковиќ против Тим во полуфиналето во Мадрид

Рафаел Надал со победата над Стен Вавринка го комплетираше костурот за полуфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанецот славеше со 2-0 (6-1, 6-2) во сетови, па во пресметката за пласман во финалето ќе се бори со Стефанос Циципас, кој претходно го елиминираше актуелниот бранител на титулата Александар Зверев, со 2-1 (7-5, 3-6, 6-2) во сетови.

На првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, противник во полуфиналето ќе му биде Доминик Тим, откако Австриецот беше подобар од Роџер Федерер со 2-1 (3-6, 7-6, 6-4) во сетови. Српскиот тенисер служебно се пласираше во полуфиналето, откако неговиот противник Марин Чилиќ го откажа настапот поради труење со храна.

Полуфиналните средби се предвидени за утре, Ѓоковиќ и Тим во 16 часот ќе ги одмерат силите, додека во 21 часот ќе се добие вториот финалист од дуелот меѓу Надал и Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести