Рафаел Надал успеа да го победи Томи Пол со 6:0 и 7:6 во четвртфиналето на АТП-турнирот во Акапулко и во следната фаза ќе игра против новиот тениски рекет број 1, Данил Медведев.
Шпанецот почна извонредно и вторпат по ред го доби првиот сет без загубена игра, исто како и против Стефан Козлов во претходната рунда.
Сега сепак се намачи во вториот сет, а Пол пропушти шанса за да игра и трет сет против Надал.
Американецот водеше со 5:3 и потоа на 5:4 сервираше за 1:1 во сетови, но не успеа. Најтрофејниот светски тенисер според бројот на гренслем-титули направи брејк и израмни на 5:5, а потоа во тај-брејк со 7:5 во поени успеа да стигне до победа од 2:0.
https://twitter.com/TennisTV/status/1497064925474217988?s=20&t=G6UzFsAjNNPnwNDCbHCVQg
Медведев претходно го декласира Нишиока со 6:2, 6:3 и го искористи поразот на Новак Ѓоковиќ во Дубаи од Чехот Весели и од понеделник ќе биде нов тениски рекет врој 1 во светот.
Утре во второто полуфинале ќе игра со Надал, во реприза од мечот за титулата на Отвореното првенство на Австралија од пред еден месец.
Тогаш во спектакуларен меч славеше Надал со 3:2 во сетови и ја освои рекордната 21-ва гренслем-титула.
Надал води со 4:1 во меѓусебните дуели, а во Акапулко ја продолжи брилијантната серија од 12-0 во 2022 година и во сабота наутро во нов спектакуларен меч ќе се обиде да остане непоразен.
Во првото полуфинале ќе играат Стефанос Циципас и Камерон Нори.