Надал сака да настапи на ОИ во Париз, но правилата на ИОК не му дозволуваат такво нешто

Следната сезона ќе биде последна за Рафаел Надал на тениските терени. Шпанецот кој освои 22 грен слем титули сака кариерата да ја заврши со настап на Олимписките игри во Париз и тоа во игра на двојки заедно со Карлос Алкарас.

Сепак, според правилата на ИОК тој не може да настапи на Олимписките игри бидејќи последните две години се нема натпреварувано за Шпанија во Дејвис купот. Ваквото нешто нема да го спречи Олимпискиот комитет на Шпанија да побара специјална дозвола за настап на еден од најдобрите тенисери во историјата на игрите во Париз, бидејќи на минатата Олимпијада ваква отстапка веќе беше направена за Роџер Федерер кој се натпреваруваше за Швајцарија.

Доколку Надал успее да добие дозвола за настап, ќе биде навистина интересно да се видат заедно со Алкарас во двојка и сигурно ќе бидат главни фаворити за златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести