Надал само две минути остана подолго на теренот од Ѓоковиќ

Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако без никакви проблеми, со 3:0 во сетови го елиминираше Мекензи Мекдоналд. Американецот кој е на 236-тото место на АТП-листата немаше шанси со најтрофејниот тенисер во историјата на овој гренслем во Париз.

Во првите два сета, Надал му дозволи само еден освоен гејм на противникот, а во третиот сет Шпанецот малку се релаксира, но без проблем го доби со 6:3, за победа по еден час и 40 минути игра. Според времето поминато на теренот, Надал играше само две минути повеќе од Новак Ѓоковиќ, кој вчера лесно го победи Имер за еден час и 38 минути игра.

За Надал ова е 95 победа во 97-миот меч што го игра на Ролан Гарос. Шпанецот доколку успее да го освои турнирот, ќе стигне точно до 100 победи на единствениот гренслем што се игра на земјена подлога.

 

- Оглас -

Најнови вести