Надал се исцеди во маратон, а следен противник му е Ѓоковиќ

Четвртфиналето кое се очекуваше уште кога се направи ждрепката за „Ролан Гарос“, станува стварност. Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе имаат дуел еден против друг на париската земја, а само за еден од нив ќе има место во полуфиналето.

Во драматичен меч вечерва, Надал дури во пет сета го совлада Феликс Оже-Алиасим, и остана на патот кон 14-тата титула во Париз. Шпанецот губеше со 0-1 во сетови, па водеше со 2-1, Канаѓанецот израмни на 2-2, за на крај, искуството да биде пресудно.

Ова беше само трети пат Надал да игра петти сет на „Ролан Гарос“, а 16-ти пат ќе игра четвртфинале на овој грен-слем. Надал во својата кариера, има загубено само три натпревари, од кои два од Ѓоковиќ. Лани Србинот славеше со 3-1 во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести