23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Надал се огласи: Болна е и повредата и одлуката да се повлечам од Вимблдон (Видео)

Рафаел Надал објасни дека со тешко срце ја донел одлуката да се повлече од полуфиналниот меч со Ник Кирјос на Вимблдон, по што остана без шанса за 23-тиот гренслем-пехар во кариерата.

„Со тешко срце донесов одлука да го откажам настапот во полуфиналето, но нема смисла да излезам на терен и да не бидам конкурентен. Имам голема болка во пределот на стомакот, со дупка на мускулот и не можам воопшто да сервирам и да играм нормално. Жал ми е, а и повредата и одлуката да се откажам се болни, но морам да внимавам на здравјето пред сè“, изјави Надал.

Шпанецот вчера имаше видливи проблеми со повредата на стомачниот мускул, кој е скинат и има дупка, но некако успеа да го победи Тејлор Фриц со 3:2 во сетови, а вечерва објави дека не може да продолжи и му го препушти местото во финалето на Ник Кирјос.

Австралиецот за првпат ќе игра меч за титула на гренслем-турнирите, а противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ и домашниот тенисер Камерон Нори што ќе се игра утре, од 14.30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести