Надал се предаде без борба, Шаповалов ќе му пркоси на Ѓоковиќ за титулата во Париз

Рафаел Надал се предаде без борба и му овозможи на Денис Шаповалов да игра во финалето на АТП Мастерс турнирот во Париз. Според информациите, Шпанецот се повредил на тренинг во пресрет на полуфиналната пресметка и немал сили да го издржи напорот.

Засега не е познато дали се работи за сериозна повреда, и дали Надал ќе мора да го откаже настапот на завршниот АТП турнир кој треба да почне идниот викенд во Лондон.

Откажувањето на Надал значи дека Шаповалов во финалето ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ. Сè уште првиот светски рекет по четврти пат ќе игра против Канаѓанецот, а досега ги доби сите три меѓусебни дуели.

- Оглас -

Најнови вести