Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го откажаа настапот на Роџерс купот во Монтреал, а засега се чека одговорот на Рафаел Надал дали ќе биде дел од овој турнир. Очигледно дека и Надал ужива во летниот период, па реши да си се почасти со купување на нова јахта.
Рафаел не жалеше пари и потроши три милиони долари за 24-метарска Sunreef Yacht, во која може да уживаат 12 луѓе.
„За некој како мене кој е роден на остров, морето е мојот живот. Не кријам дека го сакам морето. Секогаш кога сум на Мајорка, наоѓам време да одам на морето и да уживам на бродот. Многу сум среќен што ја купив оваа јахта“, рече Шпанецот кој моментно е на второто место на АТП листата.