Не стивнуваат реакциите после финалето на Вимблдон и победата на Карлос Алкарас над Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0. На шпанецот прв му честиташе неговиот сонародник и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал.
„Честитки Карлос. Каков голем момент, уште една титула. Прегратки за тебе.“ – напиша Надал.
Од другата страна порака за својот, како што вели, пријател, Новак Ѓоковиќ, имаше австралискиот тенисер со грчки корени, Ник Кириос.
„Го сакам Ѓоковиќ, но ова е можеби првпат да го кажеме терминот ‘смена на генерации’?!?!“ – напиша Кириос на социјалните мрежи, најавувајќи дека можеби е време Новак Ѓоковиќ да каже дека е доста од тенисот.
Wow. Love Djokovic, but is this maybe the first time we can say the ‘changing of the guard’ ?!?!
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 14, 2024