Швајцарецот изминативе години се мачеше со повредите, а според многумина, тој е најдобриот тенисер на сите времиња, со 20 гренслем-титули. Еден од најжестоките ривали на теренот, но и голем пријател надвор од него му беше Рафаел Надал.
Шпанецот во емотивна објава кажа неколку зборови за Роџер.
„Драг Роџер, мој пријател и ривал. Посакував овој ден никогаш да не дојде и ова е тажен ден за мене, но и за сите спортски луѓе во светот.
Ти кажав тебе кога зборувавме и сега е тука.
Беше задоволство, но исто чест и привилегија да се споделат сите овие години со тебе живејќи со многу моменти во и надвор од теренот.
Ќе имаме уште многу години да споделуваме заедно во иднина и има уште многу работи да се направат, ние го знаеме тоа. Ти ја посакувам целата среќа тебе со сопругата Мирка, твоите деца, фамилијата и да уживаш во тоа што те чека.
Се гледаме во Лондон на Лејвер купот“, напиша Надал.
View this post on Instagram