Надал спаси три меч-топки, но сепак загуби во еден од највозбудливите мечеви сезонава

Австрискиот тенисер Доминик Тим го победи Рафаел Надал во меч од второто коло на завршниот Мастерс во Лондон. Двата сета беа решени во тај-брејк, а Тим потврди дека може да ги победува и најдобрите.

Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и по 6:6, мораше да се игра тај-брејк. Надал водеше со 5:2 во тај-брејкот, но Тим не се предаде. Стигна до 5:5, а потоа Надал поведе со 6:5 и имаше сет-топка што не ја искористи. Австриецот на крајот успеа да го добие првиот сет со 9:7 во поени.

Во вториот сет повторно беше неизвесно, а Надал прв направи брејк за водство од 4:3 и беше на сервис. Сепак, Тим брзо возврати со тај-брејк. Австриецот водеше со 5:4 во гејмови и имаше дури три меч-топки за 6:4, но Надал спасуваше. На крајот повторно беше 6:6 и мораше да се игра нов тај-брејк, а Тим повторно беше подобар, овојпат со 7:4.

По второто коло од групната фаза, Тим е лидер со две победи, а Надал сега има еден триумф и еден пораз. Во вториот меч од оваа група вечерва играат Циципас и Рублев.

 

- Оглас -

Најнови вести