Надал стана бизнисмен, отвори луксузен хотел во Мајорка (Видео)

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, ја продолжува соработката со компанијата Мелија хотелс интернешнл, која поседува ланец на хотели низ целиот свет, во Мајорка го отворија хотелот Зел.

https://twitter.com/i/status/1674328748651421696

Според планот на Надал и Мелија е во наредните пет години да се отворат најмалку 20 хотели под името Зел низ целиот свет.

https://twitter.com/i/status/1674133869958778894

„Како Шпанец и светски патник, лансирањето на нашиот хотелски бренд е проект за кој долго време размислував. Зел е синоним за добро чувство во секој момент, уживање во животот и начин на кој живееме на Медитеранот“, стои во соопштението на Надал.

- Оглас -

Најнови вести