Надал стана Швајцарец во Њујорк

Рафаел Надал одигра три сета сите со траење од по 43 минути и со швајцарска прецизност го декласира Џон Милман во првото коло на американскиот тениски гренд-слем турнир во Њујорк.

Шпанецот се однесуваше како Швајцарец, а Милман немаше противигра и за нешто повеќе од два часа мораше да му честита на фаворитот.

Стартот беше најтежок за Надал во инаку рутинската победа од 6:3, 6:2, 6:2, па сега Рафа може да размислува за следниот предизвик и дуелот со Австралиецот Танаси Кокинакис, тенисер кој моментно е на 203-та позиција на АТП листата.

Во женска конкуренција се случи големо изненадување во последниот меч од програмата ноќеска, а испадна шампионката од 2017 година, Слоун Стивенс.

Со 6:3, 6:4 од Американката подобра беше Ана Калинскаја од Русија, рангирана како 127. тенисерка на светот. Стивенс беше 11. носителка, но се прости од амбициите за нов пехар во Њујорк веднаш на стартот.

Претходно во белоруското и дерби на Минск, Арина Сабаленка со 2:1 ја победи Викторија Азаренка.

 

- Оглас -

Најнови вести