Надал станува бизнисмен и ќе биде газда на 20 луксузни хотели

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се наоѓа на залез на кариерата и веќе го направи првиот голем чекор надвор од тенисот, објави дека ќе отвори 20 хотели.

Надал заедно со еден од гигантите во хотелиерството, „Мелија групата“ соопштија дека ќе отворат 20 луксузни хотели во наредните пет години.
Ланецот на хотели ќе го носи името „Зел“, а првиот треба да биде отворен во Мајорка идната година.

„Целта е во наредните пет години да имаме повеќе од 20 хотели низ целиот свет“, изјави Надал на прес-конференцијата.

Но, влезот во хотелиерството, не значи дека Надал веднаш ќе се пензионира, тој планира да игра наредната година.
„Би сакал што подоцна да се пензионирам“,додаде Надал.

https://twitter.com/i/status/1603355009042857984

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести