1.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Надал стигна во Мелбурн: Ќе навивам за Алкарас, а ако победи Новак ќе бидам среќен за него

Најголемиот шпански спортист во историјата, тениската легенда Рафаел Надал, пристигна во Мелбурн и ќе го гледа финалето на Австралијан опен. Тој вели дека има почит кон Новак Ѓоковиќ со кого имаат богата историја, но ќе го поддржи сонародникот Карлос Алкараз.

Ќе биде задоволство да го гледам финалето во живо. Сакам повторно да уживам во голема битка и тенис на високо ниво“, објасни Надал кој е 22-кратен шампион на грендслем турнирите.

Имам добар однос со Карлос, игравме во тандем на Олимписките игри. Ако победи Новак, ќе бидам среќен за него бидејќи, на некој начин, она што го прави е спектакуларно. Тоа не би било трагедија за мене, но ако треба да навивам за некого, чувствувам дека морам да го поддржам Карлос“, додаде Рафа.

Надал двапати да го освои Австралијан опен, во 2009 и 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести