Надал: Тенисот е спорт на губитници!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде интересно мислење за спортот кој го игра цел живот и во кој е еден од најдобрите во историјата.

Според човекот кој има рекордни 22 гренслем-титули, тенисот е спорт на губитници.

„За да се постигне професионален успех, потребен е секојдневен ангажман и напорна работа. Клучно е да не ја загубите мотивацијата дека може да станете подобри. Полесно е да успеете ако покрај себе имате тим од вистински луѓе кои исто се посветени на успехот. Имам физиотерапевт од 2006 година, тој е моја сенка веќе 15 години, тоа е човекот со кого поминувам најмногу време. Во спортот е важно и да знаете да се справите со поразите. Тенисот е спорт на губитници, на еден турнир има само еден победник, сите други губат“, рече Надал.

Надал рече дека се научил дека поразите не треба да се сфаќаат премногу драматично и победите да не се прославуваат еуфорично.

„Кога ни оди, не треба да си мислиме дека сме Супермен, а кога работите одат во погрешен правец, не треба да мислиме дека е крај на светот“, им порача Надал на студентите од неговиот спортски универзитет.

- Оглас -

Најнови вести