Надал треба да го добие дербито на денот, Хелсинки ќе даде два гола

Кирјос – Надал (17:30 ч.)

Ова е тениското дерби на денот. Австралијецот е еден од најконтроверзните играчи кој често знае да се кара со судии, со противници и едноставно да направи хаос на теренот. Сепак, Надал е повеќе од искусен и се очекува да го смири нервозниот Кирјос.

Во меѓусебните дуели се покажува дека Кирјос знае да му парира на Шпанецот, па затоа и има четири победи во последните седум меѓусебни меча. Но, на големите турнири, Надал многу добро знае да ја темпира формата и да не дозволи да биде изненаден.

Предлог тип: 2&<39,5 (2,45) – квота на денот во Sport Life

 

ХИФК – Хелсинки (17:30 ч.)

Нема дилеми дека гостите се големи фаворити на овој дуел. Хелсинки се радувал петпати, а двапати ремизирал во последните седум средби со ХИФК. Сепак, кога игра на свој терен, ХИФК сезонава тешко губи бодови, па сигурно ќе сака „негостопримството“ да го потврди и денеска.

Ако се гледаат меѓусебните дуели, Хелсинки редовно дава голови, па така се очекува да биде и овојпат. Дури и да не победи гостинот, се очекува двапати да ја затресе мрежата на ХИФК.

Предлог тип: Т2 1+I &T2 2+ (2.50) – квота на денот во Sport Life

 

Ранхајм – Розенборг (20 ч.)

Розенборг секогаш важи за еден од фаворитите за висок пласман во Норвешка. Сепак, по досега изиграните 13 средби, тоа не се покажува на теренот, а табелата покажува дека Розенборг заостанува дури 11 бодови зад лидерот Молде.

Посебно слаб е Розенборг на гости сезонава и во шест меча загуби дури четири пати. Тоа е премногу, па затоа се очекува денеска гостите да се вратат непоразени. На пет од последните шест меѓусебни дуели, двата тима давале најмалку по еден гол.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Европа – Сент Џулија (20:30 ч.)

Најслабите екипи во европските натпреварувања веќе ги започнаа елиминациите. Тимот на Европа од Гибралтар против Сент Џулија од Андора е еден од поинтересните мечеви. Првата средба беше со многу возбудувања, Европа двапати водеше, но тимот од Андора не се предаде, а на крајот со гол во 90+3 стигна до победа.

Сепак, тешко дека Сент Џулија ќе може овојпат да се извлече, па затоа нареално е „кец“ со голови.

Предлог тип: 1&2-4 (2.30)

 

Рига – Валмиера (18 ч.)

Рига е лидер во летонското првенство, па на свој терен секогаш ја има улогата на фаворит, иако Валмира е клуб кој сезонава во 8 меча на гости има четири победи. Нападот е главниот адут на домаќините, додека противникот може да се пофали дека ја има најцврстата одбрана во лигата.

Се очекува Рига да го пробие бедемот на гостите и да стигне до победа, но на вакви средби можни се и изненадувања, па затоа најдобро е да се игра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.67)

 

- Оглас -

Најнови вести