21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Надал: Утрешниот меч со Ѓоковиќ може да ми биде последен во кариерата на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал синоќа во маратонски меч го победи Феликс Оже-Алијасим, но потроши многу енергија и знае дека тоа може да биде кобно во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ против Новак Ѓоковиќ.

Надал во пресрет на 59-тиот меѓусебен дуел против Србинот, даде драматична најава дека тоа може да му биде последен меч во кариерата на париската земја.

„Новак го освои Рим и тука игра одлично, ова ќе биде предизвик за мене. Ситуацијата со моето тело е таква каква што е, ќе се борам, не може да се жалам, во четвртфинале сум, можам да уживам. Пред две и пол недели не верував дека ќе може да играм тука. Никогаш не знам дали секој нареден меч ќе ми биде последен во Париз. Не знам што ќе се случува во иднина“, изјави Надал, кој додаде дека би сакал мечот со Новак да биде денски, а не вечерен.

- Оглас -

Најнови вести