Надал ваков пораз немаше доживеано повеќе од 20 години

Рафаел Надал не успеа да го помине второто коло на мастерс турнирот во Рим, откако на неочекувано лесен начин загуби од Хуберт Хуркач. Полскиот тенисер кој е на деветото место на АТП листата по брза постапка го реши Надал и го победи со убедливи 6:1 и 6:3.

Според резултатот, ова е најлош меч за Надал на земјена подлога во последните повеќе од 20 години. Шпанецот кој го има прекарот Крал на земјена подлога, само трет пат во кариерата загуби во меч на кој освои помалку од пет гема, а прв пат во последните 20 години.

Надал загубил на земја во меч со помалку од пет освоени гема само уште во Оливие Рош во 2002 година во Мајорка, како и од Гастон Гаудио на турнирот во Хамбург во 2003 година. Шпанецот ја има последната сезона, а ова за него беше четврти турнир сезонава.

„Имам две опции. Морам да си признам самиот на себе дека не сум подготвен, дека не играм доволно добро и да не се појавам на Ролан Гарос. Втората опција е да се прифатам себеси каков што бев денеска, да продолжам да работам и да се надевам дека во следните две недели ќе бидам подобар“, рече Надал по тешкиот пораз од Хуркач.

Надал дури 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, но тешко дека на 38 години ќе може да атакува на 15-тиот трофеј во Париз. Шпанецот вели дека уште не одлучил дали ќе игра на Грен слем турнирот во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести