Надал водеше со 2-0 во сетови, но остана без полуфинале

Гркот Стефанос Циципас приреди изненадување во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралијан, со победата над вториот носител Рафаел Надал, и тоа со голем пресврт откако Шпанецот водеше со 2-0 во сетови. Во полуфиналето Циципас ќе се сретне со Данил Медведев.

Надал уште од 2015 година немаше загубено меч на гренслемите по водство од 2-0, но денеска тоа му се случи против упорниот Грк, кој веруваше во чудо. За Циципас ова е втора победа во осмиот меѓусебен дуел против Надал. Делот траеше малку повеќе од четири часа.

Цципас и во 2019 беше полуфиналист во Мелбурн, но оваа победа поради начинот на кој ја извојува, сигурно му е најважна во кариерата. Надал имаше серија од 35 освоени сетови по ред, а денеска загуби три по ред.

- Оглас -

Најнови вести