Надал загуби сет од 198-миот на АТП-листата, кај жените во аут е победничката на Вимблдон

Рафаел Надал се пласира во второто коло на Отвореното првенство на САД и таму ќе се сретне со Италијанецот Фабио Фоњини, но славниот шпански тенисер во првата рунда го загуби првиот сет од Австралиецот Ринки Хиџиката.

Хиџиката, кој има јапонско потекло, е 198-ми на АТП-листата и стана втор најслабо рангиран тенисер кој на гренслем-меч успеал да освоил сет против големиот Надал. Само Роберт Кендрик на Вимблдон во 2006 година, кога беше 237-ми на АТП-листата, бил послабо рангиран од 21-годишнот Хиџиката, а освоил сет против популарниот Рафа.

Инаку, Надал се врати на Отвореното првенство на САД по двегодишно отсуство. За него ова беше само втор меч во последните 50 дена и призна дека не е во идеална форма. Надал има четири титули на Отвореното првенство на САД.

На женскиот дел од турнирот, Клара Бурел ја исфрли Елена Рибакина. Рибакина пред некој месец беше освојувачка на Вимблдон, но во Њујорк испадна уште во првото коло. Бурел во последното квалификациско коло пред да влезе на главниот турнир, спасуваше пет меч-топки на противничката Мисаки Дои.

- Оглас -

Најнови вести