Александер Зверев го надигра Рафаел Надал со 6-4, 7-5, и се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Париз кој се игра во сала на тврда подлога. Германецот е во низа од 12 победи по ред, а на Шпанецот му ја прекина низата од десет победи. Во финалето, Зверев ќе игра со Данил Медведев.
Надал останува без титула на Мастерсот 1000 во Париз. За Зверев ова е седмо мастерс финале во кариерата (последно му беше во Шангај 2019, кога го победи Медведев), досега скорот му е 3-3.