Надал заврши работа, на ред е Федерер

Рафаел Надал си закажа дуел со 27-миот носител Давид Гофан, во третото коло на тенискиот гренд-слем кој се игра на земјена подлога, популарниот париски „Ролан Гарос“. Шпанецот кој е втор носител на турнирот, но и рекордер по бројот на титули (11) на Ролан Гарос и во кариерата таму загубил само два меча, денеска во втората рунда го надигра Јаник Маден со 6-1, 6-2, 6-4. Средбата траеше два часа и девет минути.

Следен ривал на Рафа е Белгиецот Гофан, кој беше подобар од борбениот 19-годишен белграѓанец, Миомир Кецмановиќ. Попладнево на терените во Париз ќе се појави и славниот Роџер Федерер, кој има меч со Оскар Оте (144-ти на АТП), а интересно ќе биде и на балканската пресметка помеѓу Бугаринот Димитров и Хрватот Чилиќ.

- Оглас -

Најнови вести