Надеж за позитивен исход: Барселона на суд за регистрацијата на Олмо

Раководството на Барселона е во големи проблеми, откако сè уште не успева да најде пари за да ја продолжи регистрацијата на Дани Олмо и по први јануари, за кого минатото лето му платија 55 милиони евра на Лајпциг.

Фудбалерот има клаузула во договорот според која може да си замине без обесштетување во истиот момент кога ќе го загуби правото да игра за Барселона, а тоа може да се случи веќе на први јануари, па Каталонците да останат и без пари и без фудбалерот.

Токму затоа денес започнува судењето за регистрацијата, а Барселона бара почитување на човековите права на Олмо и правото на секое лице да работи. Од раководството се надеваат на позитивен исход за нив, а на последниот состанок што го имале со фудбалерот, со неговиот татко, со менаџерскиот и со правниот тим дале гаранција дека регистрацијата на Олмо нема да биде поништена.

Минатиот пат кога Барселона тужеше по овој основ, тоа беше случајот на Гави, а завршницата беше во корист на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести