Репрезентацијата на Црна Гора денеска од 15:30 часот против Холандија ќе се обидат да ја продолжат бајката на ова Европско првенство во ракомет.
Но, ако досега на сите натпревари тие беа аутсајдери и „отпишани“, денеска за прв пат ќе ја имаат фаворитската улога и тоа против незгодната Холандија.
Црногорците во групата „1“ имаат два бода на своето конто по маестралната партија и победата над Хрватска од 32:26 и се во навистина убава серија од три едноподруго триумфи на ова ЕП.
Со денешен успех ќе се „фрлат во оган“ во борбата за самиот врв и во последните два дуели против Франција и Исланд ќе имаат можност да се изборат за едно од првите две места, кое што ќе ги однесе во полуфиналето на ова Европско првенство.