Надеж за Реал? Се бара поништување на договорот меѓу Мбапе и ПСЖ!

Раководството на Ла Лига дефинитивно ќе се обиде да го поништи договорот на Килијан Мбапе и ПСЖ, како што беше најавено од страна на претседателот Хавиер Тебас.

Поднесена е тужба против Светците за кршење на финансискиот фер плеј, а адвокатот на Ла Лига, Луис Бланко, истрагата ќе започне од одобрувањето на договорот од страна на финансикиот контролор во Франција и тамошната фудбалска асоцијација за првенства.

„Ја оспоруваме законитоста на договорот меѓу Мбапе и ПСЖ и самото одобрување на истиот. Правната комисија на ДНЦГ и фудбалскиот сојуз на Франција во ниту еден случај не смееја да прифатат вакво нешто. Бараме од францускиот министер за спорт да реагира и да го поништи овој договор за доброто на фудбалот не само во Франција, туку и во светот. ПСЖ ја злоупотреби доминантната позиција, доби и помош од државата, а воедно крие сметки од сомнителни спонзори. Вакви прекршувања на законите повеќе не може да се толерираат“, се вели во изјавата на адвокатот Бланко која ја пренесе францускиот весник „Л’Екип“.

Доколку случајот заврши на страната на Ла Лига, односно договорот на Мбапе и ПСЖ кој важи до 2025 година се поништи, големи се шансите фудбалската ѕвезда да стане слободен играч, односно повторно да трага за нова средина.

Инаку, познато е дека Мбапе со новиот договор доби вистинско богатство, како и збор во носењето одлуки околу фудбалскиот проект на „Паркот на принцовите“.

- Оглас -

Најнови вести