Иако по првото полувреме Манчестер сити и Брајтон играа 0:0, на крајот тоа беше лесна и убедлива победа од 3:0 за актуелниот првак.
Навивачите на Ливерпул се израдуваа дека гостите може да останат непоразени на оваа средба, но сето тоа „потона“ во 53-тата минута, кога Ријад Марез ја погоди мрежата.
Фил Фоден (65′) ги реши сите дилеми, додека печат на победата стави Бернардо Силва во 82-рата минута.
Сега Манчестер сити (77) има еден бод предност пред Ливерпул (76) на шест кола до крајот во Премиер лигата.