Избраниците на Боби Милевски со 4-1 триумфираа над селекцијата на Казахстан и напарвија исчекор кон второто место во квалфикациската група 6 за Европското првенство У21 кое ќе се одржи идната година.
Надежите се борат за нов пласман на континенталниот собир за играчи до 21 година по историскиот подвиг во 2017 година. По мечот, младите репрезентативци прославија со победничка фотографија во соблекувалната и воедно испратија порака за сениорите кои вечерва ќе ги одмерат силите против Косово во полуфиналниот меч од плејофот во Лигата на нациите.