Нафисату Тиам уште еднаш покажа дека е непобедлива во седмобој на Олимписките игри. 29-годишната белгиска атлетичарка триумфира по третпат на Олимписките игри и стана првата жена во историјата со такво достигнување.
Тиам собра вкупно 6880 поени за првото место, со одлични резултати во сите дисциплини: 13.56 секунди на 100 м. со пречки, 1.92 м. во скок во височина, 15.54 м. во фрлање ѓуле, 24.46 се., на 200 м, 6.41 м. во скок во далечина, 54.04 м во фрлање копје и 2:10.62 минути на 800 м.
Нејзината голема ривалка и двократна светска шампионка во дисциплината, Катарина Џонсон-Томпсон, се бореше храбро за златото, но со 6844 поени го освои сребрениот медал.
Бронзата ја освои Ноор Витс од Белгија, двократна светска шампионка во петобој во сала, со вкупно 6707 поени.