Нагелсман да не заминеше на скијање, ќе останеше тренер на Баерн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес денеска изјави дека Јулијан Нагелсман добил отказ од бидејќи по поразот од Баер Леверкузен, наместо да разговара со управата за моменталната ситуација во клубот, тој заминал на одмор.

Баерн на 19-ти март загуби од Баер Леверкузен со 1:0, по што ја загуби и лидерската позиција на табелата, а неколку дена подоцна, управата на баварците му врачи отказ на тренерот Јулијан Нагелсман.

„Нагелсман не смееше да замине на скијање по поразот во Леверкузен. Да останеше во Минхен, челниците на клубот ќе имаа разговор со него во понеделникот или вторникот, а веројатно немаше да дојде до негов отказ. Којзнае што ќе се случеше да не заминеше на скијање и да можеа да го добијат. Имаше играчи кои останаа во Минхен за време на репрезентативната пауза како Томас Милер. Тие тренираа сами, бидејќи Нагелсман беше на скијање“, изјави Хенес.

Наследникот на Нагелсман, Томас Тухел вчера дебитираше на клупата на Баерн Минхен во големото дерби против Борусија Дортмунд и неговите фудбалери славеа со 4:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести