Нагелсман доби отказ, Тухел ќе биде новиот тренер на Баерн

Јулијан Нагелсман повеќе не е тренер на Баерн Минхен, објави магазинот „Билд“, а нов тренер ќе биде Томас Тухел.

Засега не е позната причината поради која Нагелсман добил отказ, но медиумите шпекулираат дека тоа е поради поразот од Баер Леверкузен минатиот викенд, како и лошата атмосфера во соблекувалната.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1639012112595922945?s=20

Нагелсман во Баерн пристигна во летото 2021 година, на местото на Ханси Флик, кој седна на селекторското столче во германската репрезентација, и освои една титула и два трофеи во германскиот Суперкуп.

Новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери, објави дека управата на Баерн ги договири сите детали со Томас Тухел, кој е без ангажман по отказот во Челзи.

- Оглас -

Најнови вести