Нагелсман го одби Баерн Минхен и налето се сели во Премиер лигата

Јилијан Нагелсман по завршувањето на Европското првенство кое ќе се одржи летово, ќе ја напушти селекторската функција во германската репрезентација и нема да се врати во Баерн Минхен, туку ќе се пресели во Премиер лигата, објави влијателниот магазин „Билд“.

Според „Билд“, Нагелсман веќе ги одбил челниците на Баерн Минхен, кои точно пред една година му врачија отказ, но затоа на маса има понуда од најбогатиот клуб во Европа, Њукасл, чиј сопственик е саудискиот инвестициски фонд, кој пак е под директна надлежност на саудискиот принц, Мохамед бин Салман.

Магазинот пишува дека соработниците на Бин Салман сметаат дека Нагелсман би бил перфектно решение за клупата на Њукасл и нема да жалат пари за да го донесат на „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести