Нагелсман ја откри тактиката на Лајпциг за дуелот со ПСЖ

Константен притисок и бркање по цел терен е тактиката која ќе ја применува Лајпциг вечерва за да ги спречи опасните напади на Пари Сен Жермен во полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите.

Тренерот Јулијан Нагелсман смета дека тоа е единствениот начин на кој Црвените бикови може да му се спротивстават на силниот ривал кој има феноменални индивидуалци, особено во нападот. Потребно ќе биде придонес од целиот тим ако сакаат поволен резултат.

Лајпциг првпат игра полуфинале во ЛШ, а ПСЖ првпат по 25 години стигна до оваа фаза.

„Мора да играме тимски. Најважно е нападите да им ги пресечеме во корен, топката не смее да стигне до нашиот 16-ник, секоја педа на теренот мора да биде покриена. Имаме идеја како ќе го направиме тоа. ПСЖ има многу брзи играчи, неверојатни индивидуалци, на пример: Мбапе ако трча побрзо од нашите дефанзивци, ништо не можете да направите. Ќе треба повеќе да ја имаме топката во наши нозе“, вели Нагелсман, кој со 33 години е најмлад тренер кој некогаш водел екипа во полуфинале на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести