Двете победи на пријателските натпревари во изминатите денови на Германија ги натераа челниците на Фудбалската федерација да го променат мислењето и да му понудат нов договор на селекторот Јулијан Нагелсман.
Германија прво со 2:0 ја совлада Франција во Лион, а потоа во Франкфурт со 2:1 ја победи Холандија во пријателските дуели, со што се зголемија апетитите пред Европското првенство, на кое се домаќини.
Нагелсман за дуелите со Франција и Холандија направи неколку промени во тимот и внесе нова енергија, а притоа го убеди и Тони Крос да се врати во националниот тим.
Поради тоа челниците на Германската фудбалска федерација одлучија да му понудат нов договот на селекторот Нагелсман и да го задржат по ЕП.
Но, во договорот ќе има и специјална клаузула според која Нагелсман ќе добие отказ доколку Германија испадне во групната фаза на ЕП. Германија е во група со Шкотска, Швајцарија и Унгарија.