Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман, отворено зборуваше за трагедијата која одбележа голем дел од неговиот живот. Тој во интервју за „Дер Шпигел“ зборуваше како на 20 години дознал дека татко му извршил самоубиство.
Тој откри дека татко му работел во една од тајните германски служби и дека повеќе од тоа не можел да му открие на семејството.
„Не знам што работеше, но сигурно не беше во управата. Не смееше да зборува за својата работа, тоа беше и причината зошто зборуваше дека му е премногу од сето тоа“, открива Нагелсман.
Германскиот селектор потоа откри како дознал дека останал без татко му.
„Често размислувам за тој ден. Во тоа време бев на тренерска академија во Оберхахинг во близина на Минхен каде ја добивав својата Ц лиценца. Одеднаш директорот на академијата ми рече да излезам, а јас се пошегував во стилот „Значи, јас сум предобар?“.
Следниот момент пред мене беше мојот очув кој ми рече дека татко ми се самоубил. Не оставил проштално писмо, немаше никакво објаснувае, но начинот на кој си го одзеде животот дал до знаење дека е свесен што прави.
На семејството му беше многу тешко, а на мене на еден начин ми помогна податокот дека тој навистина сакал да си го одземе и тоа го сторил на начин да изгледа дека не барал помош. Мислам дека тоа м помогнам да сфатам што сакам во животот. Не плачев или барав некакви знаци, но кога ги добив, одлучив да ги почитувам“, вели Нагелсман.