Нагелсман: „Не е важно дали Кукуреља намерно или ненамерно играше со рака“

Германија загуби од Шпанија со гол во 119-тата минута и со тоа го заврши настапот на Европското првенство на кое се домаќини. Мерино беше човекот на одлука, но моментов од 106-тата минута предизвика големи полемики во светот на фудбалот.

Мусијала шутна кон голот на Шпанија, а топката заврши во раката на Марк Кукуреља. За судијата Тејлор од Англија тоа не беше пенал, а не се огласија ниту од ВАР собата.

„Ако топката оди директно кон голот и удри во раката на шпанецот, не е важно дали тоа го направил намерно или ненамерно. Тоа е најмалку важно. Во прашање е чист пенал. Пеналот против Данска е помалку пенал од овој. Не разбирам како се случува ова кога имаш можност да ја погледнеш снимката 48.000 пати. Не знам кое правило е применето при одлуката дека ова не е пенал, но се прашувам воден од логиката. Не знам кога е раката во природна положба, а кога не.“ – коментираше селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, после натпреварот со Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести