Преговорите меѓу Јулијан Нагелсман и ПСЖ пропаднаа и Германецот нема да седне на клупата на францускиот шампион, објави магазинот „Лекип“.
Иако речиси сите го видоа Германецот го видоа на „Паркот на принцевите“ од следната сезона, вчера беа прекинати преговорите бидејќи ниту едната, ниту другата страна не беа задоволни како течеа истите.
Според „Лекип“, челниците на ПСЖ веќе се во потрага по ново тренерско име, додека Нагелсман се уште останува без ангажман по отказот што го доби од Баерн Минхен во март годинава.