Нагелсман пред реваншот со Тотенхем: Кој не е мотивиран за овој меч, тој не е вистински фудбалер

Лајпциг славеше со минимални 1-0 во првата осминафинална пресметка на гостувањето кај Тотенхем, а составот на Јулијан Нагелсман за вечерва има задача да го осигури пласманот во следната фаза. Фаворитската улога пред свои навивачи и фактот што на Жозе Мурињо му недостастуваат главните Хари Кејн, Сон Хеунг-мин, како и зимското засилување Стивен Бергхвај, треба да биде рутинска задача за Црвените бикови.

„Имаме резултатска предност, но во Лондон го добивме само првото полувреме. Сакаме да победиме и во второто полувреме, но за тоа ќе ни биде потребна поддршка од навивачите. Шансите се на наша страна за пласман во следната фаза и знам дека мотивот нема да биде проблем. Тој фудбалер што не е мотивиран добро да игра во вакви натпревари, според мене, не е фудбалер и професионалец“, истакна Нагелсман.

Лајпциг инаку не е во добра форма во пресрет на реваншот против Петлите, само две победи во последните осум кола во Бундеслигата не е посакуван учинок за тим кој се бори за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести