Нагелсман реши да открие како Баерн ја победи Барселона

Баерн Минхен ја продолжи низата победи во дуелите со Барселона откако со 2:0 победи на „Алијанц арената“ во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Двата гола на почетокот на второто полувреме беа доволни за германскиот првак да се радува и со максимални шест бода да биде на вистинска патека кон патот за нокаут-фазата.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, вели дека Баерн победил само поради една работа, а тоа е добрата реализација на неговите фудбалери.

„Во првото полувреме не можевме да најдеме решение и моравме да се вадиме во одбраната и добриот голман. Во второто полувреме бевме многу поагресивни и имавме повеќе самодоверба. Брзо успеавме да дадаме два гола. Победивме благодарение на нашата подобра ефикасност од противникот“, анализираше Нагелсман, кој посебно ги пофали и двајцата стопери кои успеале да го сопрат Роберт Левандовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести