Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, ги шокира навивачите откако го објави прелиминарниот список на фудбалери на кои ќе смета за настап на претстојното Европско првенство. Германија ќе биде домаќин на континенталниот собир и ќе игра на отворањето на турнирот, кој ќе биде на 14 јуни, во дуел против Шкотска.
Селекторот на Германија реши од списокот да ги отпише Матс Хумелс (35 години), Леон Горецка (29), Хулијан Брант (28), Карим Адејеми (22), Никлас Шуле (28), Тимо Вернер (28) и Серж Гнабри (28). Сите овие фудбалери се докажани играчи кои водат значајна улога во екипите за коишто играат, но едноставно не се најдоа на списокот на Нагелсман.
Иако е најстар од сите оние кои не се повикани, Хумелс со својата игра посебно во финишот на сезоната покажа дека е одличен. Тој беше прогласен за најдобар играч во двата полуфинални меча меѓу Борусија Дротмунд и ПСЖ. Стоперот на Борусија беше дел од селекцијата на Германија која во 2014 година стана светски првак и досега има 78 настапи за националниот тим.
🚨🇩🇪 OFFICIAL: Germany preliminary squad for Euro 2024 has been confirmed by Julian Nagelsmann.
⛔️ Hummels, Goretzka, Brandt, Adeyemi, Süle plus Werner and Gnabry are OUT of the squad.
One more player [or more] will be left out of the squad before the start of the Euros. pic.twitter.com/YiPxEoIfls
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 16, 2024