36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Нагелсман со Баерн нека не очекува топло „добредојде назад“ во Лајпциг

1007 Лестер – Манчестер сити (16ч, Премиер лига)

Лестер има идентичен учинок како и шампионот Сити во пресрет на меѓусебниот дуел кој ќе биде еден од поинтересните во четвртото коло. Со по две победи и еден пораз, од двете екипи се очекува да не се задоволат со реми, што наговестува дека трите бода или ќе останат на „Кинг пауер“ стадионот, или Граѓаните ќе си заминат со целиот плен.

Во последните пет меѓусебни дуели во лигашки рамки во кои Лестер ја имаше улогата на домаќин, редовно се одредувал победник при тоа Сити има подобар биланс со 3-2. Тимот на Гвардиола нема примено гол на последните две гостувања кај Лисиците, но сега се очекува двете мрежи да бидат затресени, покрај тоа што една од екипите на крајот ќе се радува.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.30)

 

3007 Наполи – Јувентус (18ч, Серија А)

Гостувањето кај Наполи и Елиф Елмас не можеше да дојде во полош момент за Јувентус. Тимот на Макс Алегри е десеткуван за ова дерби, недостасуваат неколку првотимци како Дибала, Алекс Сандро, Кјеза, а има и уште неколку повредени играчи.

Поради тоа на Бјанконерите не им се дава многу шанси за успешно гостување, бидејќи дополнителни грижа е и формата на гигантот од Торино. Јувентус во првите две кола освои само еден бод, а пред репрезентативната пауза претрпе шок на домашен терен од Емполи. Кога станува збор за меѓусебните дуели одиграни на „Диего Марадона“ стадионот, билансот е 2-2 во победи и едно реми од последните пет дербија во Неапол.

Целта на Наполи е да го одржи победничкиот ритам без разлика што ќе игра против еден од конкурентите за Скудетото, бидејќи и избраниците на Спалети имаат амбиции да се борат за врвот во Италија.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.35)

 

1806 Лајпциг – Баерн Минхен (18:30ч, Бундеслига)

Џулијан Нагелсман првпат откако го напушти Лајпциг и ја презеде клупата на шампионот Баерн, ќе има прилика да му се спротивстави на поранешниот тим и тоа на теренот каде што командуваше во изминатите неколку години. Тешко дека навивачите ќе му посакаат топло добредојде назад, а на Биковите им е целта да го разочараат својот поранешен стратег, а воедно на Баварците да им објават „војна“ за титулата во Бундеслигата.

Сепак, Лајпциг не може да се пофали со добра форма бидејќи забележа два порази и само еден триумф во првите три кола, што е сосема спротивно од учинокот на Баерн кој постигна девет погодоци во двете победи над Келн и Херта, односно ремито против Гладбах. Биковите немаат запишано триумф во последните пет лигашки дуели против гигантот од Минхен, односно последен пат на домашен терен славеа во март 2018 година, па овој негативен учинок би требало да ги мотивира домаќините за што подобар настап.

Предлог тип: 1+I & 2+II (1.86)

 

1301 Леванте – Рајо Валјекано (18:30ч, Ла Лига)

Требаше да биде македонско дерби, но Барди се здоби со повреда настапувајќи за Македонија во мундијалските квалификации, па ќе го пропушти дуелот против Рајо на Столе Димитриевски. По враќањето во елитата, Рајо претрпе два порази од Севилја и Сосиедад пред конечно да ги освои првите бодови со убедливите 4-0 над Гранада.

И Леванте не може да се пофали со добра форма, по ремијата со Кадис и Реал Мадрид загубија во третото коло од Сосиедад. По околу две и пол години пауза, двете екипи повторно ќе се сретнат во лигашка пресметка со очекувања дека ќе ја одржат ефикасноста како во четири од претходните пет меѓусебни средби, во кои просекот на голови е околу три.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

1705 Монако – Олимпик Марсеј (21ч, Лига 1)

Кнезовите дури во четвртото коло ја забележаа првата овосезонска победа во францускиот шампионат, па турбулентниот старт на тимот предводен од Нико Ковач може да претрпи нов негативен резултат бидејќи на „Луј Втори“ гостува разиграниот Марсеј.

Иако гостите ќе бидат без двајцата важни играчи во офанзивата, Милик и Паје, составот на Сампаоли е мотивиран да продолжи во добар ритам откако освои седум од максимални девет бода во претходните три меча. На гостите не би требало да им влијае инцидентот со навивачите на Ница во дуелот против оваа екипа, кога настана голема тепачка и прекин на мечот кој ќе добие нов термин за преигрување.

Кога се среќаваат Монако и Марсеј, воопшто не се срамат да го истакнат напаѓачкиот потенцијал, па така во последните пет меѓусебни дуели ниту една екипа ја сочувала мрежата, а се постигнувале повеќе од три гола во просек.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.16)

- Оглас -

Најнови вести