Нагелсман: Требаше мечот да се одложи

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман не е задоволен од одлуката на федерацијата да дозволи да се одигра мечот протиб Борусија менхенгледбах каде што загубија со 2:1.

Баерн Минхен играше без 13 играчи, од кои најголемиот дел се позитивни на Ковид-19, а сето тоа се одрази врз играта на германскиот првак.

„Едноставно е, сметам дека не требаше да се одигра овој натпревар и истиот да се одложи. Но, мора да се почитува одлуката на федерацијата, додека од момците на теренот сум задоволен.

Младите имаа шанса да се покажат и сметам дека одиграа добро, иако резултатот не заврши во наша корист, но, од грешките се учи, па се надевам дека и ние ќе научиме од овој пораз“ изјави Нагелсман.

За Баерн ова е трет пораз сезонава и со тоа останаа на 43 бода и се на првото место во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести