32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Нагелсман вети: Веќе нема да ја видите таа Германија како што беше на дуелот со Словачка

Четирикратниот светски првак Германија неуспешно стартуваше во квалифиакциите  за пласман на Светско првенство 2026 година, откако загуби со 2:0 на гости во Братислава кај Словачка. Германија вечерва има шанса да се корегира и тоа на домашен терен против Северна Ирска.

Селекторот на Панцерите, Јулијан Нагелсман ветува дека ќе има промени во играта на светскиот фудбалси гигант.

„Имавме неколку разговори со момците во тимот. Интерно разјаснивме некои работи. Самиот тим нема да ја промени својата филозофија, но ќе има промени во составот. Секако, што и да правиме, резултатот мора да биде драстично различен од тој против Словачка“, рече Нагелсман, кој потенцираше дека главна цел на Германија е пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Германија има девет победи по ред во пресметките со Северна Ирска и сега е огромен фаворит за нов триумф.

- Оглас -

Најнови вести