Нагелсман во Баерн ги носи двајцата најдобри играчи на Лајпциг

Џулијан Нагелсман во првиот ден од јули седнува на клупата на Баерн Минхен, а веќе изготви листа на играчи кои управата на Баварците ќе се обиде да ги доведе во претстојниот летен преоден рок.

Станува збор за двајца офанзивци со кои Нагелсман моментално работи во Лајпциг, тоа се Марсел Сабицер и Емил Форсберг. Баерн ќе треба да издвои повеќе од 60 милиони евра за фудбалерите на бундеслигашкиот ривал, кои Нагелсман многу ги цени и смета дека одлично би се вклопиле во неговата тактика и на „Алијанц арената“.

Како за потсетување, Баерн од претходно веќе договори еден трансфер на фудбалер од Лајпциг, тоа е младиот стопер Дајо Упамекано, за кого беа издвоени 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести