Нагетси во опасна мисија, да ги турнат Езерџиите во криза

Бостон селтикс – Шарлот хорнетс (00ч, НБА лига)

Екипата на Бред Стивенс негува фантастична традиција против Хорнетс. Бостон ги доби последните 10 меѓусебни дуели кои се одиграа на нивен терен, а со оглед на тоа дека во своите редови ја имаат поранешната ѕвезда на Шарлот, Кемба Вокер, многу лесно може да се нареди и 11-от последователен триумф.

Вокер сезонава веќе се пресмета против поранешниот тим, имаше убав пречек во Шарлот, а во победата на Бостон реализира 14 поени. Сега ќе треба да блесне пред својата нова публика, и така Келтите да ја добијат и втората овосезонска пресметка против Стршлените.

Предлог тип: 1 & >209,5 поени (2.05)

 

Милвоки бакс – Индијана пејсерс (01ч, НБА лига)

Во Висконсин се среќаваат двете екипи кои му ги нанесоа последните два порази на лидерот од Западот, тимот на ЛА лејкерс. И Милвоки, и Индијана се во одлична серија, особено Елените предводени од нерзапирливиот Адетокумбо. Затоа, најдобриот тим од Истокот ќе треба да стави крај на серијата од пет победи на Пејсерс, но очекувањата се дека гостите нема да се предадат без борба.

За Милвоки е добро што има одличен биланс против Индијана, барем во последните пет средби, од кои четири ги добија. Проблем за Милвоки ќе биде неиграњето на неколку важни играчи како Бендер, Бледсо и Метјуз, додека Сабонис е неизвесен за овој дуел, па Индијана ќе биде без еден исто така клучен играч.

Предлог тип: T1 >113,5 поени (1.83)

 

Оклахома сити тандер  – ЛА клиперс (01ч, НБА лига)

Навивачите на Оклахома не би требало да бидат непријателски настроени кон Пол Џорџ, ѕведата на Клиперс која ова лето ги напушти редовите на Тандерс. Но, знаејќи дека Џорџ беше еден од клучните играчи во победата на Клиперс во првата овосезонска пресметка на овие две екипи, можеби и ќе има свирежи за еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата.

Клиперс и Оклахома се во слична моментална форма, со по три победи и два порази од последните пет меча, но треба да се знае дека Грмотевиците се непоразени во последните четири дуели на домашен терен, така што избраниците на Док Риверс ќе треба да одиграат на високо ниво за да не заминат разочарани од Оклахома.

Предлог тип: <222,5 поени (1.85)

 

ЛА лејкерс – Денвер нагетс (03:30ч, НБА лига)

Фактот што Леброн Џејмс е неизвесен за овој дуел влева самодоверба во редовите на Денвер дека може да го освојат „Стејплс центарот“. Кралот има проблеми со ребрата, ќе се прави последна проценка дали може да игра непосредно пред стартот на дербито за оваа ноќ. Езерџиите воедно се во мини-серија од два порази, првпат им се случува такво нешто оваа сезона, но и натаму ја предводат Западната конференција.

За Денвер ова е прво гостување по пет меча на домашен терен, кои ги добија сите, што значи дека Јокиќ и компанија се во топ-форма. А, дали ќе приредат Нагетс изненадување во Калифорнија, може да се очекува само при вонсериска партија на гостите.

Предлог тип: Т1 & T2 >99,5 поени (2.10)

- Оглас -

Најнови вести