Димитрис Итудис ќе биде тренер на ЦСКА Москва најмалку уште две сезони, откако денеска го продолжи договорот со актуелниот европски шампион до 2021 година.
Грчкиот стратег долг период е тренер на ЦСКА, а пристигна во Москва во 2014 година и веќе има две европски титули. Со тоа е меѓу најуспешните во Евролигата, одоносно во Топ-10.
ЦСКА има дури 8 европски титули, две од нив последните во 2016 и 2019 година со Итудис како кормилар на тимот.
Претходно Гркот беше тренер на ПАОК, Филипос, МЕНТ и Банвит, а беше и асистент тренер во неколку клубови.