Награда за одличните игри: Елиф Елмас е во тимот на колото во Серија А (Фото)

Трансферот на Елиф Елмас во Торино се покажува како вистински потег, а доказ за тоа е и изборот на нашиот репрезентативец во тимот на колото во Серија А. Елмас беше стрелец во ремито на Торино против Парма (2-2), па сосема заслужено се најде во најдобрата единаесетка на колото.

Во средниот ред, освен нашиот репрезентативец, се и Чалханоглу (Интер), Де Рон (Аталанта) и Пулишиќ (Милан), а одбраното друштво го сочинуваат уште и Раду, Запакоста, Валери, Бриндели, Крстовиќ, Лукаку и Пелегрино.

Елиф Елмас од доаѓањето во Торино одигра четири меча, на кои постигна три гола.

- Оглас -

Најнови вести