Македонскиот интернационалец, Кристијан Трапановски, уште на старот од шкотското првенство се најде во тимот на првото коло. Големо признание за македонскиот фудбалер кој летово направи трансфер од Шкупи во Данди јунајтед и уште во првото коло успеа да погоди против градскиот ривал Данди, во мечот кој заврши нерешено, 2-2.
Трапановски беше прогласен и за играч на натпреварот против Данди, а блесна уште на првите натпревари за неговиот нов клуб, оние од Лига купот на Шкотска, кога постигна три гола и најави дека ќе биде големо засилување за екипата од шкотската Премиер лига.
https://twitter.com/spfl/status/1820837418422919505