Наградата на Бензема „ја отпиша“ Франција од трката за титулата на СП во Катар?

Фудбалска Франција го слави Карим Бензема, кој стана петтиот Французин во историјата што ја освоил Златната топка, а прв по 24 години.

Во петорката Французи кои го добиле вредното признание се: Рајмонд Копа, Мишел Платини, Жан Пјер Папен, Зинедин Зидан и Бензема.

Но, има една непријатна традиција врзана за освојувачите на Златната топка. Актуелен освојувач на Златна топка никогаш не станал светски првак на првиот нареден Мундијал. Годинава Златната топка се додели само на еден месец пред почетокот на наредното Светско првенство, а ако традицијата продолжи, Бензема и Франција нема да бидат шампиони.

- Оглас -

Најнови вести