Наградата на ФИФА стана како гласање за Евровизија

Лионел Меси очекувано синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, признание кое го доби благодарение на блескавиот настап на Светското првенство во Катар. Аргентина предводена од Меси по повеќе од 35 години стигна до светскиот трон, па нормално беше Лео да биде најдобар во гласањето на ФИФА.

Сепак, многумина забележуваат дека ова гласање се претвора во гласање „секој за својот“, а за тоа има повеќе примери. Кристијано Роналдо како капитен на Португалија одби да гласа, па неговата улога ја презеде заменик-капитенот Пепе, кој од почит кон својот репрезетативен колега не му даде ниеден глас на Меси во листата каде што имаше место за Мбапе, Модриќ и Бензема.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, гласаше за Меси, потоа изненадувачки за Хулијан Алварес, а трет е Модриќ. Дешан како селектор на Франција гласаше за Мбапе, Бензема и Меси, а исто гласаше и капитенот на Галските петли, Уго Лорис.

Капитенот на Бразил гласаше за Нејмар пред Меси и Бензема, додека Мохамед Салах како прв го стави Садио Мане пред Де Бројне и Хакими. Шпанскиот селектор Луис дела Фуенте најмногу поени даде за Алварес од Сити, а потоа и за Белингам и Модриќ. Серхио Бусектс, очекувано, прв го стави Меси, а потоа е неговиот клупски колега Роберт Левандовски, додека трет е Бензема. За селекторот на Бразил, Тите, најдобар е Нејмар. Од африканските земји, најмногу поени за Мане дадоа капитените на Бенин, Нигерија и Коморски Острови.

На крајот, Меси победи со 52 бода пред Мбапе со 44 гласа, Бензема 34, Модриќ 28, Халанд 24, Мане 19…

- Оглас -

Најнови вести